(Видео) Силен земјотрес во Јапонија, луѓето бегале од Олимпиското село

пред 3 години

Силен земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, синоќа го погоди брегот на Јапонија. Како што пренесуваат светските медиуми, земјата се тресела 30 секунди, а лугето во паника, ги напуштале домовите и бегале од Олимпиското село.

Надлежните велат дека епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија, а најмногу го погодил брегот на префектурата Ибараки. Тие велат дека засега нема опасност од цунами. На „Твитер“ беа објавени фотографии и видеа од природната непогода.