Холивудската актерка Ешли Џад објави видео на Инстаграм, каде вели дека конечно проодела после пет месеци и три недели од тешката несреќа во прашума во Демократска Република Конго, кога се здоби со 4-5 скршеници на левата нога.
„Ногата никогаш повеќе нема да ми биде иста. Тоа е нова нога и јас ја сакам, ние сме другарки. Поминавме долг пат и нè очекува неверојатен живот. Од осумчасовна операција и исцрпувачка физикална терапија до остеопатија. Благодарна сум на сите што ми помогнаа во лекувањето. Работев напорно, особено за моето семејство и партнерот“, вели таа.
Меѓу споделените слики и видеа на истата објава, Џад постави и видео од пред два месеци каде едвај оди, за споредба со досегашниот успех.
За потсетување, таа падна во прашува во Конго и пет часа лежеше неподвижна, чекајќи некој да дојде и да ја спаси. По 55 часа, докторите успеаа да ѝ ја спасат ногата без да ја ампутираат. Таа истакна дека тамошните жители немаат ниту таблети за ублажување на болките. Таа им се заблагодари на тамошните доктори и жители, преку објава на нејзиниот Инстаграм профил.
(Видео) По 55 часа, докторите успеаја да не ми ја ампутираат ногата: Ешли Џад за несреќата во Конго





