Надал испадна од турнирот во Вашингтон – Лојд Херис го победи Шпанецот

Надал испадна од турнирот во Вашингтон – Лојд Херис го победи Шпанецот

пред 3 години

Лојд Херис од Јужна Африка ја оствари најголемата победа во кариерата. На турнирот во Вашингтон, од серијата 250, Херис го победи Рафаел Надал со 2:1 (6/4, 1/6, 6/4).

Надал, кој пред два дена го одира првиот меч по пауза од речиси два месеци, не делува дека е подготвен за сезоната која ќе се игра на тврда подлога.

Она што му успеа во претходното коло против Џек Сок, не му успеа против Херис.

Јужноафриканецот го доби првиот сет благодарение на брејкот што го направи во седмиот гем, во вториот Надал доминираше и буквално го збриша противникот.

Третиот сет започна со брејк топки за Шпанецот, а откако не ги искористи, Херис започна да игра подобро, му дозволи на Надал уште една брејк топка во петтиот гем. Она што не му успеа на Надал, му успеа на Херис во десеттиот гем, му го одзеде сервисот на противникот за својата најголема победа во кариерата.

Поради поразот во осмина-финапето во Вашинготн, од понеделник Надал нема да се наоѓа на третото место на АТП листата. Позицијата ќе му ај препушти на Стефанос Циципас.

Шпанецот од понеделник ќе биде број 4 во светскиот тенис.

Share
Scroll to Top