126 казни за непрописно престигнување низ државата

пред 3 години

По спроведените акциски контроли во текот на вчерашниот ден за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата биле изречени казни за 126 возачи. Од нив, 48 на територијата на Тетово, 24 на подрачјето на Битола, а 21 возач непрописно престигнувале на територијата на Охрид.

Од МВР со информација дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top