Пукање во скопско Визбегово – повреден 20-годишник

пред 2 години

Пукање во скопско Визбегово било пријавено синоќа во 20.30 часот.

Според информациите, едно лице е рането во нозете, по што било пренесено во Градската општа болница.

„ Едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Share
Scroll to Top