Италија се шегува за новата победа над Англија – пак Кјелини е крив!

Италија се шегува за новата победа над Англија – пак Кјелини е крив!

пред 3 години

Италија стигна до фантастично злато на 4х100 метри на Олимпијадата во Токио, победувајќи ја британската штафета за само 0.01 секунди, и според италијанските фанови на социјалните мрежи, виновен повторно е Џорџо Кјелини.

Со ова се продолжи фантастичното спортско лето за Италија, откако претходно ја совладаа Англија во финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“ на пенали, а еден од клучните за овој резултат беше Џорџо Кјелини со веќе легендарното сопирање на Букајо Сака.

Драматично беше и во Токио, каде што Филипо Торту го „фати“ Натаниел Мичел-Блејк за драматична победа, и тоа секако ги инспирираше фановите да го фотошопираат Кјелини како го заддржува британскиот спринтер.

Share
Scroll to Top