Американската компанија SpaceX ја состави најголемата ракета досега, пренесува BBC.
Двата ракетни сегменти – горниот sвезден брод и долниот погон Super Heavy – се поврзани во фабриката SpaceX во Бока Чика, Тексас.
Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи изгледаат џуџести во однос на оваа.
Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно поголем потисок од ракетата што ги испрати луѓето на Месечината.
Starship Fully Stacked pic.twitter.com/Fs88RNsmfH
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2021
За поврзување на двата сегменти бил потребен масивен кран. Ракетата била задржана на таа позиција еден час, а потоа е расклопена.
SpaceX има уште неколку недели, или месеци за тестирање, пред првиот лет, веројатно до крајот на 2021 година. Извршниот директор Елон Маск го нарече ракетното спојување „сон што стана јаве“.
Тој вели дека Starship, откако ќе биде завршен, ќе биде способен да ги одведе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така, може брзо да превезува луѓе низ целиот свет, а друга очигледна цел е поставување сателити во орбитата.
Во моментов најмоќната ракета во употреба е Falcon Heavy, исто така развиена од SpaceX. „Фалкон Хеви“ произведува потисок од 23 мегавати при лансирањето, а новата ракета „Супер Хеви“ треба да достигне моќност од околу 70 мегавати.“