Полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во попладневните часови, на скопската обиколница, во правец од Арачиново кон Сарај, пред селото Смилковци.
Како што информираат од МВР, додека полицајците вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајка во која Р.А.(32) од Липково, управувајќи автомобил „сеат леон“, со кумановска регистрација, удрил во камион со полуприколка, со скопска регистрација, управуван од Љ.А.(55) од Скопје.
Потоа „сеатот“ удрил и во возило „бмв“, со германска регистрација, кое учествувало во претходната сообраќајна незгода и во полициско возило.
Со повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.