Фабињо: Не се плашиме од трошењето на Сити

Фабињо: Не се плашиме од трошењето на Сити

пред 3 години

Бразилскиот ас на Ливерпул, Фабињо вели дека никој во клубот не е загрижен поради летното трошење пари на другите ривали во Премиер лигата, дури и но од милионите на Манчестер сити, најавувајќи дека се подготвени да ја вратат англиската титула.

Сити веќе го донесоа Џек Грилиш од Астон вила за британски рекорд од 100 милиони фунти, а исто така не се откажуваат од желбата да го добијат и Хери Кејн од Тотенхем пред крајот на преодниот рок. Од друга страна Челси е пред договор со Ромалу Лукаку, а Манчестер јунајтед ги додадоа Џејдон Санчо и Рафаел Варан во тимот. Фабињо не е загрижен.

„Овој тим на Ливерпул веќе ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, најважните трофеи… Веќе покажавме за што сме способни и искрено не се грижиме за другите тимови. Сити се шампиони во Премиер лигата, а Челси во Лигата на шампионите. Англиските клубови се силни и секогаш се борат за титули, но така е секоја година. Се надевам дека ќе бидеме посилни од нив“, вели Фабињо.

Share
Scroll to Top