Во Германија отворен првиот велосипедски мост со подно греење

Во Германија отворен првиот велосипедски мост со подно греење

пред 3 години

Во Германија отворен првиот велосипедски мост со подно греење. Велосипедистите во југозападниот дел од земјата, сега ќе можат да уживаат во редок виден луксуз.

Мостот со подно греење се отвори во градот Тибинген и возењето со велосипед сега ќе биде побезбедно во зимските услови, велат надлежните. Челичната конструкција ја отвори градоначалникот Борис Палмер, кој меѓу првите помина преку мостот.

Поголемите градови низ Европа во изминатиот период се повеќе ја подобруваат велосипедската инфраструктура, отворајќи нови патеки.

„Загреани мостови за велосипедисти имаат смисла. Солта не може целосно да го отстрани мразот на патот“, вели портпаролката на Германското здружение на велосипедистички клубови.

Од градот најавуваат дека до 2025 година ќе се отворат уште два вакви моста во рамките на она што Палмер го нарече „супермрежа на велосипедски патеки“.

Мостот долг 35 метри беше изграден за 1,7 милиони евра, плус 22.000 евра за системот за греење.

Share
Scroll to Top