Скандал во Монпелје, фановите не се помирија што Марсеј се врати од 0:2

Скандал во Монпелје, фановите не се помирија што Марсеј се врати од 0:2

пред 3 години

Олимпик Марсеј направи пресврт од 0:2 до 3:2 победа против Монпелје во првиот меч од новата сезона во француската Лига 1, но првиот меч под водство на Хорхе Сампаоли едвај стигна до крајот, откако судијата го прекина мечот поради дивеењето на навивачите на домашниот тим.

На „Мосон“, Паје постигна гол уште во третата минута од мечот, но тој беше поништен поради офсајд, по што за само четири минути домаќините стигнаа до 2:0 водство – прво Мосон во 30. минута си даде автогол, за Гаетан Лаборд во 34. минута да зголеми на 2:0.

Потоа следуваа лудите 15-тина минути во второто полувреме. Ченгиз Ундер во 68. минута намали на 2:1, Паје во 75. минута израмни, за пет минути подоцна да донесе предност за Олимпик.

По ова следуваше срамното однесување на навивачите на Марсеј, кои откако судијата покажа една минута продолжение почнаа да фрлаат предмети на теренот. Судијата го прекина мечот откако фудбалерот на Марсеј, Валентин Ронжие беше погоден во уста со шише. Откако полицијата го уапси навивачот на Монпелје, мечот, конечно продолжи за Марсеј да запише победа.

Share
Scroll to Top