Ливерпул го загубија Робертсон, Атлетико и Феенорд со „непријателски“ меч

Ливерпул го загубија Робертсон, Атлетико и Феенорд со „непријателски“ меч

пред 3 години

Ливерпул, на „Енфилд“, не успеа да забележи победа над Атлетик Билбао во контролен меч пред стартот на сезоната, одигрувајќи 1:1 во интересен меч, додека шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид загуби кај Феенорд со 2:1 со гол во 93. минута и успеаја да го завршат мечот со 10 играчи иако се работеше за пријателска контрола.

Диого Жота уште во 13. минута донесе водство за тимот на Јирген Клоп, но баскискиот клуб израмни преку Алехандро Беренгер во 53. минута. Добра вест за Клоп е тоа што Виргил ван Дајк беше доволно подготвен да одигра повеќе од 70 минути игра, иако незгодна повреда на скочниот зглоб доби Енди Робертсон.

На „Де Кујп“ пак, Феенорд дојде во водство во 12. минута преку Брајан Линсен, за во 44. минута Јаник Караско да добие црвен картон по еден неспортски гест.

Анхел Кореа успеа да израмни за тимот на Диего Симеоне во 83. минута, пред тинејџерот Науфал Банис во 93. минута да донесе победа за холандскиот клуб.

Share
Scroll to Top