330 санкции за брзо возење, се возело и над 200 километри на час

пред 3 години

Во акциските контроли на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера биле казнети 330 возачи.

Од нив, 33 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 171 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место.

Од МВР најавија дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top