Казнети скопски ресторан и неговиот управител – организирале масовни прослави на затворено во време на строги мерки

пред 3 години

Скопското основното јавно обвинителство поведе постапка за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи, против едно физичко и едно правно лице.

Како што информираат од Обвинителството, станува збор за ресторан и неговиот управител, бидејќи на 18 август минатата година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за заштита на населението од заразни болести.

Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости.

Во едната сала била организирана свадба со околу 150 лица, а во другата – прослава со околу 20 лица.

Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на обвинетиот управител да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, додека правното лице да биде казнето со парична казна од 300.000 денари.​​

Share
Scroll to Top