Едер со порака за навивачите: Ви кажав дека ќе го растурат и Интер

Едер со порака за навивачите: Ви кажав дека ќе го растурат и Интер

пред 3 години

Бразилецот Едер, поранешниот напаѓач на Џијангсу Сунинг преку Твитер потстеи дека уште во мај предупредил дека Интер ќе биде „растурен“ како неговиот кинески клуб (кој престана да постои).

Едер, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во Италија, во 2018 замина од Интер во сестринскиот клуб Џијангсу Сунинг, кој официјално престана да постои во февруари 2021, само неколку месеци откако првпат ја освоија титулата.

Тогаш, Едер предупреди на Твитер.

„Ја фрлија цела напорна работа која ја завршивме, ние фудбалерите, тренерите и директорите. И сега го прават истото во Интер, го уништуваат тоа што тренерот Конте го постигна. Бидејќи им се потребни 100 милиони евра в џеб. Не им е грижа за фудбалот, ниту за вработените“, напиша тогаш Едер.

Тоа беше пред трансферот на Ашраф Хакими во ПСЖ за 70 милиони евра, и пред најавениот трансфер на Ромелу Лукаку во Челси за 115 милиони евра.

„Згрешив за 100 милиони“, напиша во шега Бразилецот.

Share
Scroll to Top