Бонучи сврти на шега откако Алегри му кажа да си купи капитенска лента

Бонучи сврти на шега откако Алегри му кажа да си купи капитенска лента

пред 3 години

Леонардо Бонучи ги уверуваше новинарите дека шегата на старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри за капитенската лента кај „бјанконерите“ му била многу смешна.

Кога Алегри го замени Пирло на првата прес-конференцијата беше запрашан за идејата Бонучи да стане капитен на Јувентус, на што тренерот одговори дека ако толку сака може да си ја купи капитенската лента од фан-шопот на клубот. Алегри посочи дека Бонучи „почнал од нула“, кога една сезона замина во Милан.

„Тренерот често се шегува и јас се смеам. Со или без капитенската лента, знам што треба да правам на фудбалскиот терен. Алегри е мотивиран и подготвени сме да се вратиме таму каде што припаѓаме и верувам дека ќе имаме силна сезона. Интер остануваат тимот кој треба да се победи, но проблеми можат да направат и Рома, Милан и Лацио“, вели Бонучи.

Share
Scroll to Top