Јунајтед не планираат да го продаваат Марсијал

Јунајтед не планираат да го продаваат Марсијал

пред 3 години

И покрај шпекулациите дека Интер го идентификувале Антони Марсијал како совршена замена за Ромелу Лукаку, Манчестер јунајтед не планираат да го продадат Французинот.

25-годишниот Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако во 2015 година, и оттогаш постигна 78 гола во 258 настапи, а има договор до крајот на 2024, со опција за уште една сезона. Тој се врати на терените при 4:0 победата во пријателскиот меч со Евертон, во прв меч по повредата на коленото во март додека беше со француската репрезентација.

„Антони има лоша среќа со повредите. Тренира добро, но фудбалерите кои беа во аут подолго време, потребна им е посебна помош“, вели Солскјер.

Според „Дејли мејл“, Јунајтед ја одбиле понудата од 50 милиони фунти од Интер, и не планираат да го продадат дури и да се вратат со повисока сума.

Share
Scroll to Top