Дресирани кучиња спасија три семејства со деца, кои беа одвлечени од морски струи во Тиренското море

пред 3 години

Обучени кучиња спасија три семејства со осум деца, кои биле повлечени од морските струи и големите бранови на стотина метри од брегот, пишува агенцијата Анса.

Во туристичкото одморалиште Сперлонга, јужно од Рим, на брегот на Тиренското Море, пливачите биле во морето со воздушни душеци и даски за сурфање, кога одеднаш биле одвлечени од брегот со морските струи и високите бранови, не дозволувајќи им да се вратат на безбедно.

Откако повикале помош, биле спасени од обучени кучиња кои неколкупати пливале од брегот до местото каде што биле пливачите и им помогнале да стигнат до безбедниот брег.

Спасувачката операција траеше околу половина час, а драмата на море, од брегот ја гледаа околу 400 луѓе кои, откако сите беа спасени, ги поздравија спасувачките кучиња со голем аплауз.

Share
Scroll to Top