Лионел Меси од вчера започна ново поглавје во својата кариера. Аргентинецот наредните две сезони ќе го носи дресот на ПСЖ.
Меси, како слободен играч се пресели во Париз. Барселона, поради финансиските проблеми, не можеше да го регистрира, иако тој и неговиот татко ги имаа договорено деталите за продолжување на договорот.
Трансферот во ПСЖ, се случи експресно, буквално во 48 часа. Новинарот, Фабрицио Романо, тврди дека Меси немал намера да ја напушти Барселона.
Тој објави дека во парил, Меси, одбил две понуди, сигурен дека иднината му е на „Ноу Камп“. Понудите биле испратени од Манчестер сити и ПСЖ.