Руски авион за гаснење пожари се урна во Турција

пред 4 години

Се урна руски авион што се користеше за гаснењето на пожарите во Кахраманмараш.

Во несреќата настрадаа пет руски и тројца турски членови на екипажот, а во тек е истрага за причините на несреќата, известува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот избувнал во текот на денот како резултат на удар на гром во шумската област на територијата на местото Оникиш.

Share
Scroll to Top