Јужноафриканецот Бред Биндер е неверојатниот победник на Австриското ГП во Шпилберг, откако дождот направи хаос во последните 5 круга од трката, и ги остави тројцата возачи кои постојано се бореа за првото место, далеку од подиумот.
Иако дождот беше присутен и на стартот на трката, која стартуваше зад безбедносно возило, откако ситуацијата се смири имаше возбудлива трка, пред повторно да се врати дождот и Биндер за разлика од ривалите се реши да не влезе во боксот по нов мотоцикл и така стигна до спектакуларна победа, пред Пеко Бањаја и освојувачот на пол-позицијата, Хорхе Мартин.
Мартин успеа да ја заддржи предноста на стартот на трката, но бргу беше претекнат од Бањаја, лидерот во генерален пласман Фабио Квартараро и Марк Маркез во Хонда, кои потоа имаа тројна битка за првото место. Маркез успеа да го помине Бањаја на шест круга пред крајот, но потоа почна дождот и тие во „воз“ влегоа во боксот по нови мотоцикли.
Маркез падна по излегувањето од боксот и на крајот заврши на 15. место, Квартараро скокна на 7. место за да го зголеми водството во генерален пласма, додека Валентино Роси неочекувано стигна до осмото место. Квартараро сега има 181 поени во генерален пласман, и зад него е Бањаја и Жоан Мир (беше четврти) со 134 поени, додека Жоан Зарко не ја заврши трката и сега е четврт во генерален пласман со 132 поени.
One of the great gambles in #MotoGP history!!! ?
Pure bravery, pure brilliance from @BradBinder_41 to claim victory on slicks! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/Dp5YbseO5k
— MotoGP™? (@MotoGP) August 15, 2021
Soaked circuit, slick tyres but @BradBinder_41 held on! ?
KTM triumph at home! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/yGL3xITmuu
— MotoGP™? (@MotoGP) August 15, 2021