Тимот на Медицинскиот универзитет од Виена објави анализа за правилното земање на брис за коронавирус со која се утврдува дека со оваа постапка не може да дојде до повреда на мозокот.
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот во светот се направени милиони брисеви, а во Австрија неколку стотини илјади. Медицинскиот универзитет од Виена со својата анатомска студија, која целосно може да ја прочитате тука, го дефинираше успешното земање примероци од назофарингеалната слузница – делот од фаринксот сместен зад носната празнина. Попатно проценета е и потенцијалната опасност од механичко оштетување на мозокот.
“Постои можност за нестручно земање на брис за ПЦР и антигенски тестови на пунктовите за тестирање. При тоа не се зема примерок од фаринксот туку од носната празнина, што има малку вирусен материјал за дијагноза. Тоа значи дека можно е да се предвидат инфекциите”, предупредува истражувачот Волфганг Ј. Венингер.
Со истражувањето сега се дефинирани критериумите кои во секој случај овозможуваат успешно земање на брис. Базата за истражување била симулација на земање 157 брисеви при што се набљудувани движењата со стапчето. Исто така, докажано е дека не постои никаква опасност од повреда на мозокот кај правилно, но и помалку правилно земање на брис.