Европа мора да воспостави хуманитарни коридори за прием на бегалци од Авганистан со цел, меѓу другото, да се избегне неконтролиран прилив на илегални мигранти, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
“Мислам дека Европа неизбежно ќе мора да се опреми за хуманитарни коридори и организиран прием со цел, меѓу другото, да избегне неконтролиран прилив на илегални мигранти. Или барем земјите што се подготвени да прифатат мигранти треба да го сторат тоа”, рече Џентилони за италијански медиуми.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да одржат кризен состанок на кој ќе се разговара за состојбата во Авганистан откако власта падна во рацете на Талибанците.