Хрватскиот министер: Ѝ веруваме на ЕУ за вакцините, но може и да се ориентираме кон други

пред 3 години

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош вчера изјави дека верува дека околностите околу набавката на вакцините преку Европската комисија ќе се подобрат и додаде дека во спротивно Хрватска ќе се ориентира кон некои други производители.

Според него, Хрватска сè уште е ориентирана на заеднички набавки преку Европската комисија, а во прилог на тоа зборуваат синоќешните најави на производителите на вакцини дека ќе ги зголемат дозите.

„ Сепак, ако не е така, ќе мора да се ориентираме и да се организираме кон некои други производители. Хрватска оствари одреден контакт со руските здравствени власти и е добиена одредена документација“, рече Берош.

Тој исто така објасни дека процесот на проценка во ХАЛМЕД ќе започне и додаде дека во овој момент тој не може да каже дали документацијата е комплетна и колку ќе трае постапката.

На прашањето дали е можно да се увезе руски „спутник В“ без одобрение од ЕМА во Хрватска, тој објасни дека тоа е теоретски можно преку увоз во итен случај.

„ Доколку е потребно, јас лично ќе го поддржам затоа што тоа ќе значи дека механизмите на ЕК и ЕУ не успеаја, што, верувам, нема да се случи“ нагласи хрватскиот министер.

Share
Scroll to Top