Абрахам е новата „деветка“ на Рома

Абрахам е новата „деветка“ на Рома

пред 3 години

Англискиот фудбалер Теми Абрахам (23) и официјално од денеска е нов играч на тимот на Рома, соопштија од италијанскиот клуб.

Информациите се дека Абрахам потпишал петгодишен договор со „волчицата“ и го задолжил дресот со број 9.
Тој во Рим доаѓа по инсистирање на новиот менаџер на клубот, Жозе Мурињо.

Трансферот изнесува 40 милиони евра, но постои клаузула според која англискиот клуб може да го врати играчот за сума од 80 милиони евра уште во 2023 година.

Информациите се дека тој ќе добива меѓу четири и пет милиони евра по сезона.

Абрахам одигра 6 меча во дресот на „Гордиот Албион“.

Share
Scroll to Top