Во Ла Лига најмногу натпревари завршиле без голови

Во Ла Лига најмногу натпревари завршиле без голови

пред 3 години

Најнепопуларниот резултат во фудбалот е 0:0. Со овој резултат, од почетокот на сезоната, во Ла Лига завршиле дури 22 натпревари. Шпанците стигнаа до 12 коло, иако некои тимови имаат одиграно по еден или два натпревари помалку, вкупно се одиграни 112 натпревари, што значи дека 20 отсто завршиле без постигнат гол.

По овој статистички податок Ла Лига е на врвот на листата, кога станува збор за петте најквалитетни национални шампионати во Европа.

Најмногу нерешени натпревари, во досегашниот тек од сезоната во Шпанија (со или без постигнати голови), има Уеска, осум, два повеќе од Виљареал. Бетис е единствениот тим во Ла Лига без нерешен резултат.

Во Серија А и Лига 1, 14 натпревари завршиле без голови, тоа се 14 отсто од натпреварите досега одиграни во Италија и 11 отсто во Франција.

Со резултат 0:0 досега завршиле девет натпревари во Премиер лигата (9 отсто), додека најнепопуларниот резултат во Бундес лигата, досега се случил на само шест натпревари (7 отсто).

 

Share
Scroll to Top