Македонските фудбалерки ќе му гостуваат на Јувентус

Македонските фудбалерки ќе му гостуваат на Јувентус

пред 5 години

Македонските фудбалерки од тимот на Каменица Саса денеска ќе играат против италијансакиот шампион Јувентус. Тие попладнево треба да стигнат во Торино, каде ќе го играат полуфиналниот турнир во групата 8 во Лига на шампиони.

Натрпеварот ќе почне во 15:00 часот, а лидерот во тимот на Каменица Саса, Ана Димитровска, откри дека во тимот владее позитивна атмосфера.

„Мотивацијата е огромна. Горда сум што дојдовме до шанса да играме со ваков противник. Подготвени сме, секој ден тренираме, некогаш имаме и по два тренинга. Ќе дадеме максимум и очекуваме добар резултат„, рече Димитровска.

Каменичанки за три дена ќе одиграат уште еден натпревар во кој противник ќе им биде австриски Ст. Полтен или турски Бешикташ.

Share
Scroll to Top