Голем дел од авганистанските бегалци се очекува во Македонија да пристигнат до крајот на неделава

пред 5 години

До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, со организирани летови се очекува да пристигнат најголем дел од 450 граѓани од Авганистан, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

„Северна Македонија беше меѓу првите, ако не и прва земја, која сама пристапи на САД и понуди помош за овие луѓе кои се под опасност по доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан“, нагласи владиниот портпарол.

Share
Scroll to Top