Родман на 60 години призна: И јас сум изненаден што уште сум жив

Родман на 60 години призна: И јас сум изненаден што уште сум жив

пред 3 години

Откако наполни 60 години во мај, Денис Родман призна дека и тој и неговите фанови се изненадени што стигнал до таа возраст.

„Изненаде сум што уште сум тука, бидејќи многумина мислеа дека ќе бидам мртов на 40, 45, 50, 55… Стигнав до 60 и си помислив: „Вау, уште сум тука“. Некој има рака на моето рамо и ми вели дека имам што да направам за луѓето на овој свет“, вели Родман.

Кошаркарот со прекар „Црв“ беше супер-успешен на кошаркарските терени како дел од славните тимови на Детроит пистонс и Чикаго булс, но секогаш беше попознат по својот бурен личен живот, љубовта кон алкохолот и лудите забави.

Share
Scroll to Top