Капело разочаран од Донарума: Немаше благодарност за тие кои те одгледаа

Капело разочаран од Донарума: Немаше благодарност за тие кои те одгледаа

пред 3 години

Поранешниот легендарен тренер на Милан, Фабио Капело вели дека разделбата на Џанлуиџи Донарума со „росонерите“ боли повеќе од таа на Ромелу Лукаку со Интер, бидејќи Донарума не обезбедил „ниту евро за својот клуб“.

Две големи имиња заминаа од Милано ова лето – најдобриот стрелец на Интер, Лукаку, кој се рати во Челси за 115 милиони евра, како и италијанскиот голман број 1, Донарума, кој замина бесплатно во Пари Сен-Жермен откако му истече договорот со Милан. 22-годишниот Донарума, кој постојано имаше „непријателски“ односи со дел од навивачите на Милан кои сметаа дека го интересираат само парите, првично сакаше во Јувентус, но откако „бјанконерите“ не му понудија договор, замина за Париз.

„Збогувањето на Лукаку со Интер, технички тежи исто како заминувањето на Донарума од Милан. Но, Џиџио не донесе ниту евро за својот клуб, така што тоа боли повеќе. Немаше благодарност за тие кои те одгледаа, кои помогнаа на твоето семејство“, вели Капело за весникот „Ла република“.

Share
Scroll to Top