Сосиедад пропушти шанса да ги помине Реал по бледото реми со Валенсија

Сосиедад пропушти шанса да ги помине Реал по бледото реми со Валенсија

пред 2 години

Реал Сосиедад пропуштија шанса да станат лидери во шпанската Ла лига, откако одиграа само 0:0 а домашен терен против Валенсија.

Со три поени против „лилјаците“, тимот на тренерот Иманол ќе имаше 31 поен, еден повеќе од Реал Мадрид, иако со натпревар помалку, вака тие остануваат втори со 29 поени, еден повеќе од Севилја на третото место и два пред Атлетико Мадрид на четвртото место.

Сосиедад на крајот дури и се спасуваше од пораз откако Ариц Елустондо доби црвен картон во 75. минута оставајќи го тимот со играч помалку. За Валенсија, поенот ги носи на 10. место со 18 поени.

Претходно Реал Бетис ја прекинаа лошата низа од два порази, со убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Елче.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top