Не така одамна италијанскиот фудбалер Пјетро Пелегри беше една од главните теми во италијанските медиуми. Не беа во прашање фудбалски достигнувања, туку фактот што екс-играчот на Џенова е во врска со Викторија – ќерката на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.
Пелегри, кој има настапувани и за А-тимот на Италија е најмладиот стрелец на гол во историјата на Серија А – со 16 години и 184 дена.
Во 2018 година од Џенова прејде во редовите на Монако за 21 милион евра, но во францускиот клуб не се снајде како што очекуваа. За тимот од Кнежевството одигра 23 меча и постигна само 2 гола. Просечно играше по 17 минути на меч.
Сега 20-годишниот напаѓач оди на позајмица во тимот на Милан за 1 милион евра со опција „Росонерите“ да го откупат неговиот договор за дополнителни 6 милиони евра.