Челси и Виљареал ќе се борат за европскиот Суперкуп

Челси и Виљареал ќе се борат за европскиот Суперкуп

пред 3 години

Челси и Виљареал, вечерва ќе се борат за првиот европски трофеј во новата сезона, Суперкупот на УЕФА. Освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа, ќе се соочат на Виндзор парк, во Белфаст.

Челси ја освои Лигата на шампионите со победата од 1:0 над Манчестер сити, додека Виљареал по изведувањето на пенали со 11:10 го порази Манчестер јунајтед.

На Челси не му оди најдобро во Суперкупот на УЕФА. Последните три натпревари „сините“ ги загубиле, од Ливерпул и Барн по изведувањето на пенали, од Атлетико Мадрид со 1:4.

Виљареал ќе дебитираат во овој натпревар. Лига Европа која ја освоија во Баку, е првиот трофеј во клупската историја.

Челси се фаворити, иако Виљареал на клупата го има Унаи Емери, експертот за финалните мечево. Шпанецот победил во 10 од 11 финални натпревари, интересно единствениот пораз го има во финалето во Лига Европа, токму од Челси, кога го предводеше Арсенал.

Формата е исто така на страната на „сините“. Челси подготвителниот период го завршија без пораз, додека Виљареал не успеа никого да победи.

Натпреварот ќе започне во 21 часот, ќе го суди Русинот, Сергеј Карасјов.

Можни состави:

Челси: Менди – Зума, Тијаго Силва, Ридигер – Џејмс, Канте, Ковачиќ, Алонсо – Хаверц, Зијех, Вернер

Виљареал: Асенхо – Фојт, Албиол, Пау Торес, Педраса – Капуе, Тригерос, Морланес, Морено – Џерар Морено, Диа.

Share
Scroll to Top