Бизарно! Медведев имаше „конфликт“ со камерата, па загуби од Рубљов

Бизарно! Медведев имаше „конфликт“ со камерата, па загуби од Рубљов

пред 3 години

Андреј Рубљов ќе игра во финалето на Мастерсот во Синсинати против Германецот Александер Зверев, откако во тешка битка против рускиот сонародник, светскиот број 2, Данил Медведев стгигна до 2:6/6:3/6:3 победа во меч во кој Медведев имаше двајца противници – својот близок пријател и ТВ-камерите.

При резултат 1:1 во вториот сет, Медведев се судри со камерата покрај теренот, превртувајќи ја на подот во обид да стигне едно топче. Тој му пружи рака на камерманот, но потоа ја клоцна камерата, барајќи од судијата таа да биде поместена.

„Тргнете ја, речиси ја скршив раката. Ќе ги тужам, не можам да играм“, му велеше тој на судијата, откако наводно и пред мечот барал отстранување на камерите.

Тој не зборуваше со новинарите по поразот, но доби поддршка од Рубљов.

„Ќе биде подобро ако имаме повеќе простор на теренот за да можеме да трчме, бидејќи некогаш и мене ми се случуваат вакви работи“, вели Русинот.

Олимпискиот шампион Алекс Зверев се врати од два брејка негатива во последниот сет за да го победи вториот носител Стефанос Циципас со 6:4/3:6/7:6(4).

Share
Scroll to Top