Тројца македонски туристи денеска се удавиле во Албанија

пред 3 години

Тројца Македонци денеска се удавиле во море во Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Како што наведуваат, се работи за 59-годишен маж со иницијали Х.Х, кој се удавил денеска околу 11:15 часот на плажата Велипоја. А 10 минути подоцна, на плажата Спилсе удавиле две повозрасни лица.

Полицијата соопшти дека станува збор за М. М. на 79 години и Ц. М. на 78 години, кои дошле на одмор од Северна Македонија.

Инцидентот се случил околу 11:25 часот, додека истражниот тим работи на расветлување на околностите на настанот.

Share
Scroll to Top