Пелегрини: Ла лига е за срамота, со многу глумење и со најспор фудбал во Европа

Пелегрини: Ла лига е за срамота, со многу глумење и со најспор фудбал во Европа

пред 3 години

Тренерот на Реал Бетис, Мануел Пелегрини ја оцени Ла лига како „за срамота“ поради спориот фудбал и беспотребното трошење време, но и многуте симулации на фудбалерите.

Чилеанецот по 1:1 ремито со Кадиз во петокот смета дека е невозможно да се игра против такви дефанзивни тактики кои ја нарушуваат играта.

„Мораме да направиме нешто, заедно со судиите, тренерите и играчите за Ла лига да не е за срамота поради тоа што ја имаме најспората лига во Европа. Луѓето сакаат да гледаат шоу, а тоа го нема тука. Најмногу трошење време, најмногу симулирање, вистинска срамота. Луѓето плаќаат билет да го гледаат ова“, вели Пелегрини.

Share
Scroll to Top