Двегодишно девојче загина во стампедото на аеродромот во Кабул во саботата. Нејзината мајка за медиумите рече: „Моето срце крвари“.
Девојчето беше убиено во стампедото што настана додека толпа луѓе се обидуваа да се качат во авион за да избегаат од талибанскиот режим. „Моето срце крвари“, рекла мајката на повреденото девојче за „Њујорк тајмс“, која работела за американска организација во Кабул.
„Беше како да се давам и да се обидувам да го држам моето дете над водата“, додаде таа.
Жената раскажа дека нејзиното семејство, сопругот, двегодишната ќерка, немоќните родители, трите сестри и братучетка, се обиделе да се качат на летот на аеродромот со цел да избегаат од земјата, кога толпа луѓе се упатиле кон влезната врата.
Таа се обидела да ја најде својата ќерка, но го нашла само нејзиното безживотно тело откако толпата ја прегазила.
„Чувствував ужас, не можев да ја спасам“, рече таа.
Мајката вели дека сега, после се’, семејството не сака да го напушти Кабул.
„Претпочитам да умрам на достоинствен начин отколку вака“, рече таа.
Амбасадата на САД им наложи на сите државјани на САД да се држат подалеку од аеродромот во Кабул поради потенцијалната опасност на влезната врата.