Турција не може да прифати ниту еден бегалец од Авганистан, изјави портпаролот на владејачката „Партија на правдата и развојот“, Омер Челик, пишуваат медиумите во регионот.
„Турција не е бегалски камп. Ние веќе немаме можност да прифатиме какви било бегалци од Авганистан. Ние сами ќе носиме одлуки. Ги чуваме нашите граници многу внимателно“ им рекол Челик на новинарите.
Според него, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е посветен на изнаоѓање сеопфатно решение за кризата во Авганистан.
„Води интензивна меѓународна дипломатија, разговара со Путин и Меркел за ситуацијата во Авганистан. Ние внимателно ја следиме темата за човековите права во Авганистан, која помина под власта на талибанците. Авганистанскиот народ не може да се остави на цедило, таму во моментов има вистинска драма“, додаде Челик.