Украина: Руските сили пукаа во конвој со жени и деца и убија седум луѓе

пред 2 години

Украинските разузнавачи ја обвинија Русија дека отворила оган врз конвојот со кој се евакуирале жени и деца од селото Пермоха во регионот на Киев и дека убила седум лица, од кои едно дете.

„ По нападот, окупаторите ги принудија преостанатите во колоната да се вратат во Перемох и не им дозволија да го напуштат селото“, се вели во соопштението на разузнавачката служба.

Оттаму додаваат дека не е познат вкупниот број на ранети.

„ Русите пукаа во колона од жени и деца кои се обидуваа да го напуштат селото Перемоха во регионот на Киев по „зелениот“ коридор. Седум лица загинаа, меѓу кои и едно дете“, се вели во соопштението.

Украина претходно ја обвини Русија дека спречува евакуација од конфликтните зони, бидејќи не ги почитува однапред договорените прекини и отвора оган врз цивилите.

Русија соопшти дека не гаѓала цивили од почетокот на инвазијата на 24 февруари и ги обвинува украинските власти за неуспешната евакуација.

2,5 милиони Украинци досега успеаја да побегнат во соседните држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската инвазија збришала некои помали украински градови.

Share
Scroll to Top