На Бјелогрлиќ му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години

На Бјелогрлиќ му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години

пред 3 години

Откако вчера го претепа својот колега, режисерот Предраг Антонијевиќ, полицијата во Ниш, утрово го пренела познатиот српски актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ, пред обвинителството, каде што ќе биде сослушан.

Обвинителот треба да реши дали ќе му предложи на судот да му одреди притвор од 30 дена или ќе биде пуштен да се брани од слобода. Бјелогрлиќ е осомничен дека извршил кривично дело насилничко однесување.

Според Кривичниот законик на Србија, за ова дело се пропишани два вида казни. Првиот се однесува за сторено полесно дело и за него е предвидена казна затвор до три години.

Ако судот процени дека дошло до сериозно понижување на оштетениот, кој притоа се здобил и со телесни повреди, максималната казна е од шест месеци до пет години затвор.

Инцидентот во кој Бјелогрлиќ го нападна Антонијевиќ се случи во понеделникот околу 4 часот наутро во нишкиот хотел „Амбасадор“.

Share
Scroll to Top