Премиерлигашите не пуштаат 60 играчи да играат за репрезентација во септември

Премиерлигашите не пуштаат 60 играчи да играат за репрезентација во септември

пред 3 години

Клубовите што ја сочинуваат англиската Премиерлига им забранија на фудбалерите да одат на собирање со репрезентациите ако мораат да патуваат во земји кои се во црвената зона на Ковид 19. Неколку часа подоцна истиот потег го повлекоа и од шпанската Ла Лига.

На листите непожелни (црвена зона) се 26 земји меѓу кои Аргентина, Бразил, Мексико, Турција, Египет…

Одлуката се однесува на речиси 60 фудбалери кои настапуваат во 19 од вкупно 20 клубови во Премиерлигата.

Одлуката е објавена заради актуелната епидемиолошка состојба во светот и мерките што Велика Британија ги презема за патниците од овие земји, а тоа е самоизолација 10 дена кога ќе влезат на Островот по враќањето. Тоа значи дека сите кои би играле за својата селекција во септември ќе треба потоа да пропуштат два лигашки натпревари.

Денеска сличен потег се очекува и од Серија А.

На почетокот на септември закажани се по три репрезентативни настапи за сите селекции во квалификациите за
Мундијалот во Катар во 2022 година.

Засега останува отворено прашањето дали ФИФА ќе преземе мерки против клубовите.

Share
Scroll to Top