Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд открив дека веднаш откако ги дознал шпекулациите за трансфер на Кристијано Роналдо во Манчестер сити му се јавил на Португалецот и го прашал дали е сериозен и дали навистина ќе поптише за „нив“.
Лудите 24 часа беа комплетирани денеска кога Манчестер јунајтед го потврдија трансферот на Роналдо од Јувентус во неверојатен камбек во уште еден луд потег во преодниот рок. Фердинанд вели дека веднаш контактирал со него.
„Веднаш му поѕвонев. Му кажав: ‘Што се случува? Кажи дека лажат!’ Не можеш да ми кажеш дека ништо не се случува – нема чад без оган. Му кажав: ‘Кажими дека не одиш таму, кажи ми дека не одиш таму’. Јас сум ист како сите навивачи на Јунајтед. Не сакам да го видам Роналдо во дрес на Манчестер сити. Мислам дека беше многу збунет. Но, веднаш дознав дека нема шанси да се случи тоа. Фудбалерите мора да размислуваат за својата кариера, за парите, како бизнисмени. Немаше да полудам ако немаше понуда од Јунајтед и завршеше во Сити. Но, кога има понуда од Манчестер јунајтед, тогаш знам каде ќе заврши“, откри Фердинанд на својот Јутјуб канал.
Фердинанд беше првиот кој со интересен пост на социјалните мрежи ги зголеми шпекулациите дека Роналдо ќе заврши во Јунајтед, а потоа беше објавена и фотографија на Фердинанд со сестрата на Португалецот.
Rio Ferdinand confirms speaking to Cristiano ???
CC: @rioferdy5 @joelbeya @SokinGlobal pic.twitter.com/MSLf5jHDOJ
— FIVE (@FIVEUK) August 27, 2021
……… pic.twitter.com/AT2QfsYAqB
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 27, 2021