Флик го соопшти првиот „маншафт“ и го врати Ројс во тимот

Флик го соопшти првиот „маншафт“ и го врати Ројс во тимот

пред 3 години

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс повторно е повикан во германската репрезентација, прва во избор на Ханси Флик, кој исто така повика и четири нови имиња во својот „маншафт“.

Триото на Челси, Каи Хаверц, Антонио Ридигер и Тимо Вернер ги заддржуваат своите места, но во тимот нема место за Матс Хумелс и Емре Џан. Капитенот Мануел Ноер го заддржува стартното место, слично како Томас Милер, Џошуа Кимих и Илкај Гундоган.

Новаци во тимот се Давид Раум, дефанзивецот на Хофенхајм, централниот бек на Фрајбург, Нико Шлотербек, играчот од средниот ред на Леверкузен, Флоријан Вирц, и напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Карим Адејеми.

Германија, која е во група со Македонија, игра со Лихтештајн, Ерменија и Исланд во септември. По победите над Исланд и Романија во март, Германците беа шокирани од Македонија со 1:2 пораз, но го заддржаа првото место во групата.

ГОЛМАНИ: Лено, Ноер, Трап.

ОДБРАНА: Баку, Госенс, Керер, Клостерман, Раум, Ридигер, Шлотербек, Зиле.

СРЕДЕН РЕД/НАПАД: Адејеми, Дахуд, Гнабри, Горецка, Гундоган, Хаверц, Хофман, Кимих, Милер, Мусијала, Нојхаус, Сане, Вернер, Вирц.

Share
Scroll to Top