Англискиот супер-талет Џуд Белингам имаше гол и асистенција за за Борусија Дортмунд да стигне до тешко извојувана драматична 3:2 победа над Хофенхајм во првиот меч од третото коло во Бундеслигата за „милионерите“ накратко да се искачат на првото место во Германија.
18-годишниот Белингам прво во 49. минута му асистираше на својот врсник, Американецот Џовани Рејна за да ги донесе Борусија во водство, а откако Криштоф Баумгартнер во 61. минута израмни за Хофенхајм, во 69. минута го постигна голот за 2:1. Меѓутоа тука не беше крајот. Во 90. минута, Израелецот Мунас Дабур израмни на 2:2 за гостите, пред неверојатниот Норвежанец Ерлинг Халанд (кој да потсетиме има само 21. година), во 91. минута да стави крај на драмата.
По три кола, Борусија имаат две победи и еден пораз, додека за Хофенхајм ова е првиот пораз во новата сезона по едно реми и една победа.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк