Се договорив со вереникот да ме убие пред да ме фатат Талибанците, пејачката Арјана Саџид за бегството од Авганистан

Се договорив со вереникот да ме убие пред да ме фатат Талибанците, пејачката Арјана Саџид за бегството од Авганистан

пред 3 години

Авганистанската поп-sвезда Арјана Саџид (35) избега од својата татковина заедно со својот вереник Хасиб Сајид, непосредно пред инвазијата на Талибанците кои го презедоа Авганистан и од заканата дека ќе ги лишат жените од сите права.

Во шоуто „Пристап до Холивуд“ таа зборуваше за нивниот егзил и својата голгота при бегството од сопствената држава.

„Се чувствував како да ќе умрам, буквално. Бев безнадежна. Фактот што избегавме е чудо“, вели таа.

Таа објасни дека ситуацијата на аеродромот била хаотична, многу жени се онесвестиле, а толпа луѓе се обидувале очајно да стигнат до летот. Една жена се обидела да ја натера да го земе нејзиното бебе со неа.

„Не можев да го одвојам бебето од мајката, иако мајката го сакаше тоа. Сепак не успеав. Војниците ме прашаа дали е детето е мое. Им објаснив дека не е мое, но ги замолив да ја пуштат жената со мене, но тие не дозволија. Ми се извинија и ми рекоа дека не можа да го направат тоа“, раскажа Саџид.

Таа, исто така, за британски „Мирор“ признала дека склучила пакт со својот вереник за време на кој тој ѝ ветил дека ќе ја убие пред таа да падне во рацете на Талибанците.

„Не се плашам од смртта, се плашев дека ќе ме фатат жива, ќе ме исмеат, ќе парадираат со мене пред камера и ќе ме силуваат“, рече таа.

Бегајќи од Кабул, таа и Хасиб доживеале блиска средба со Талибанците, откако при првиот обид не успеале да се качат на еден од авионите. За среќа, не ја препознале.

„Ги сретнавме кога го напуштавме аеродромот. Еден од нив стоеше таму, со рацете зад грб и гледаше во луѓето. Го погледнав во очи, беше само неколку метри од мене. Останатите пукаа во воздух. Се тресам кога и да се присетам. Имаше неколку контролни пунктови до аеродромот. Талибанците беа насекаде. На еден од контролните пунктови  запалија автомобил за да ги видат нашите лица. Рацете и нозете ужасно да ми трепереа. Се молев да не бараат од нас имиња и документи“, се сеќава таа.

Саџид и има британско државјанство, а за првпат избегала од Авганистан со своето семејство во 2000 година, откако фрлиле бомба врз нивната куќа и се преселиле во Велика Британија. Пред три години, таа купи куќа во Турција со својот вереник со цел да биде поблиску до Авганистан, каде што го поминуваше поголемиот дел од времето. Пред еден месец отвори бутик во Кабул и ја лансираше своја линија на облека.

Таа тврди дека Талибанците веќе неколку пати се обиделе да ја убијат, но и дека неколку пати добивала смртни закани.

„Еднаш, членовите на тајната служба ми рекоа дека автомобил со бомба кружи околу Кабул, барајќи ме да ме убие. Друг пат,  една жена се обиде да ме убие во живо на телевизија. Успеа да ми пријде 10 метри за време на шоуто. Таа беше интервјуирана во затвор и рече дека повторно ќе проба да ме убие ако ја ослободат“, рече пејачката.

Share
Scroll to Top