Почина Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во поранешна Југославија

Почина Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во поранешна Југославија

пред 3 години

Марина Туцаковиќ, најпознатиот српски текстописец, почина на 67 години, по долга борба со ракот. Таа пред неколку дена беше примена во приватна болница во Белград, а откако лекарите утврдија дека е позитивна на Ковид-19, беше префрлена во ковид-болницата „Драгиша Мишовиќ“. Таму состојбата ѝ се влошила, па лекарите ја ставиле на респиратор.

За време на нејзината долга кариера, таа напиша неколку илјади песни и соработуваше со најголемите имиња на поп и фолк сцената во регионот.

 

Марина Туцаковиќ е родена во Белград во 1953 година. И покрај дипломирањето на Економскиот факултет, таа започна да пишува песни како тинејџерка. Својата кариера ја почна пишувајќи песни за групата „Зана“, а еден од првите хитови ѝ беше песната „Додирни ми колена“.

Оттогаш, таа соработува со голем број најпознати изведувачи од овие простори, како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Џеј Рамадановски, Тоше Проески, Светлана Цена Ражнатовиќ, Жељко Самарџиќ, Жељко Јоксимовиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша и многу други.

Авторка е и на бројни песни за претставниците на Србија на Евровизија.

Таа беше мажена за композиторот Александар Фута Радуловиќ и имаше два сина – Милан и Милош, кои почина во 2008 година на 24 -годишна возраст во семејниот дом.

Share
Scroll to Top