Маж пронајден починат во Охридското Езеро

пред 5 години

Безживотно тело било забележано во водите од Охридското езеро,  кај малото пристаниште, на улицата Кеј Македонија,

Случајот во полицијата го пријавил Б.П.(34) од Скопје кој го видел телото.

„Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Share
Scroll to Top