(Видео) Арсовски: Раководството на ГТЦ преку цензура се обидува да заштити криминал

пред 2 години

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, СДСМ и оваа власт се среде огромен скандал на крадење струја, ништо по различно единствено крадење 4 години. Сега веќе е и повеќе од јасно зошто молчат СДСМ со денови за најголемиот скандал за крадење струја во ГТЦ. Копањето криптовалути преку машини во подрумите на ГТЦ изминативе 3 години дуќанџиите, односно сопствениците да дуќаните и оние кои што имаат таму или водат бизнис ги чинело милиони евра. Од сопственици на бизниси ги доведоа на питачки стап, вели Арсовски.

Дополнително, оценува тој, обидот за цензура од страна на ГТЦ е пуштен на најјако, откако завчера раководството на ГТЦ се обиде да прекине моја прес конференција пред влезот на канцелариите, а истиот ден се обидоа и да прекинат мирен протест и им забрануваа да говорат пред медиумите на сопствениците на дуќаните во ГТЦ, ова нема да помине, порача Арсовски.

„И Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, кои се кадри на СДСМ и партиски штитеници на Зоран Заев, во ниту еден случај нема да замолчат никого. Единствено што можат е да си подготвуваат одбрана и да им објаснат на сопствениците на дуќаните колку пари им е направена штета изминативе години и дали и на кој начин ќе им надоместат. Замислете, државата е девастирана од оваа Влада. Не се знае во ниту една институција што и како се прави. Нема никаде ред, се работи недомаќински и сето тоа, заради храброста која ја добиваат членовите на СДСМ од Зоран Заев и си мислат дека државата е нивна“, вели тој.

Како што информираше, во ГТЦ директорите продавале 3 дури и 4 пати поскапа струја на дуќаните за да надоместат крадење на струја, само за да надоместат крадење на струја од страна на коалициониот партнер на СДСМ, семејството Бајрам.

„Отворено се сомневаме дека ова не е изолиран случај за крадење струја за копање криптовалути случајот со семејството Бајрам, туку дека има и други кои што истото го прават или го правеле во подрумските простории на ГТЦ. Најмалку што можеа наместо да молчат и да ги нема никаде и да штитат криминал раководството на ГТЦ, можеа да направат увид низ целото ГТЦ и да видат дали има и на друго место крадење на струја за копање криптовалути. Но, тие одлучија да молчат, одлучија да штитат криминал нормално затоа што и самите се вмешани во истиот и според наши сознанија, постои можност изминативе денови да се изнесувале и други машини на диви копачи на криптовалути од ГТЦ“, соопшти Арсовски.

Од неговата партија како што рече претпоставуваат и имаат простор за сомнеж дека и во други институции се краде струја за копање криптовалути.

„Но бидејќи од врвот на Владата и од врвот на СДСМ единствено што прават и што знаат е крадење и никој не може да поведе ред и да направи увид дали и на други места и во други институции се краде“, рече Арсовски.

Побара раководството на ГТЦ да си сноси одговорност и да си размисли дали и како ќе ги обештети сопствениците на дуќаните.

Share
Scroll to Top