За Законот за лични карти Левица бара јавна расправа во која ќе бидат вклучени професори и експерти

пред 3 години

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска до претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднле за одржување јавна расправа и спроведување на јавна дискусија за, како што велат од партијата, сензитивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта.

„Како единствени пратеници во Собранието, кои со поднесување на амандмани на овој контроверзен Закон, го стопиравме процесот на негово донесување, сметаме дека итна јавна расправа е неминовна. Во спротивно, овој Закон се заканува да предизвика етничка дискриминација, поткопувајќи го уставниот концепт на Републиката“, објаснуваат од партијата.

Од таму сметаат дека на претстојната јавна расправа, треба да бидат поканети и претставници на невладини организиации кои се бават со човекови права, стручњаци од пракса, професори по меѓународно право за правата на човекот, граѓански активисти, експерти и други општествени чинители, со цел со свои професионални мислења и ставови, како што се вели, ефикасно да придонесат за разјаснување на отворените дилеми во јавноста и за евентуално подобрување на предложениот законски текст.

Share
Scroll to Top