Родителите што му ја фрлија порно-колекцијата на синот опседнат со секс, мора да му платат 30.000 долари

Родителите што му ја фрлија порно-колекцијата на синот опседнат со секс, мора да му платат 30.000 долари

пред 3 години

Судот во Мичиген им нареди на родителите на Дејвид Веркинг (43) да му платат отштета од 30.441 долар на својот син, бидејќи ја фрлиле неговата колекција порно филмови, пишува „Гардијан“. Дејвид пред осум месеци го доби спорот против родителите, но судијата Пол Малони дури сега донесе конечна пресуда за висината на отштетата. Освен за фрлената порно-колекција, родителите на Веркинг ќе мора да платат и 14.000 долари за адвокатот на нивниот син.

На судењето Веркинг изјавил дека неговите родители ја фрлиле неговата огромна колекција порно филмови, списанија и други предмети, кои вределе 29.000 долари. Судијата го зел предвид и мислењето на експертите за вредноста на колекцијата.

Веркинг, кој живеел во куќата на неговите родители десет месеци по разводот, откако се преселил, открил дека му недостасуваат кутии полни со порно филмови и списанија. Неговиот татко потоа му напишал писмо во кое, меѓу другото, вели: „Искрено, Дејвид, ти направив голема услуга кога те ослободив од сите овие работи“. По ова, тој решил да ги тужи родителите.

Во пресудата донесена во декември минатата година, судијата Малони рече: „Нема сомнение дека уништениот имот бил сопственост на Дејвид. Обвинетите постојано повторуваа дека навистина го уништиле имотот. Обвинетите не можеа да наведат ниту еден закон или судска пракса за да го поткрепат тврдењето дека како сопственици имаат право да уништат имот што не им се допаѓа“.

Дејвид за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште. Според неговиот татко, тој бил исфрлен од факултет зашто го фатиле како им дели порно материјали на други студенти.

Share
Scroll to Top